Иднината на општеството и светот е наша одговорност. Дури и најмалиот акт на љубезност може да направи позитивна промена во општеството, да го подобри местото во кое живееме и начинот на живот. Без разлика каде се наоѓаме или од каде доаѓаме, сите можеме да дадеме свој придонес за подобро општество.

Следејќи ја својата компаниска култура за несебично помагање секаде каде што е потребно, ⋮IWConnect преку својата платформа за донирање IW4U во октомври оваа година започна нов, голем проект – реконструкција на спортски комплекс во Брусничка Населба во Битола. Првата фаза од проектот вклучуваше реконструкција на кошаркарското игралиште од спортскиот комплекс и заврши успешно, а денес, 14.11.2022, истото тоа беше официјално пуштено во употреба.

На настанот присуствуваа градоначалникот на град Битола – Тони Коњановски во придружба на вработени од општина Битола, Александар Мемца – партнер во ⋮IWConnect, претставници на урбаната заедница, вработени во компанијата ⋮IWConnect, познати кошаркари од општина Битола и граѓани на општина Битола.

Настанот беше отворен со говор на градоначалникот на град Битола – Тони Коњановски, кој јавно се заблагодари за реконструираното игралиште, најави и упати желби за ваков вид на проекти и во иднина кои значително ќе го подобрат животот на младите.

Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect изрази благодарност до општина Битола за дадената можност за инвестиција од општината на ваков начин, како и благодарност до сите оние кои помогнаа овој проект да се реализира.

Освен тоа, тој ја најави и втората фаза од проектот Заедно за поубА Битола! – реконструкција на детското игралиште непосредно до кошаркарското игралиште кое е веќе во тек и наскоро ќе биде завршено. Сите активности кои се реализирани и се во план да се реализираат се во склоп со вредностите по кои се раководи ИТ компанијата ⋮IWConnect, а тоа се интегритет, постојан авантуристички раст, амбициозна фамилија и чувство на исполнетост.

Настанот продолжи со 3х3 кошаркарски натпревар помеѓу вработени во ⋮IWConnect и тим од кошаркарскиот клуб Пелистер. Натпреварот е само почеток на сето тоа што се надеваме дека ќе следи во иднина. ⋮IWC се залага за личен и професионален развој на своите вработени има идеја за организација на спортски турнири следната година на ниво на цела Битола, кои се надеваме дека ќе се реализираат. – изјавија од маркетинг одделот на ⋮IWConnect.