Нашиот млад мотокросист Антонио Дамјановски со само 15 години е шампион на Македонија во класата МХ2. Неговата радост не можеше да ја задржи само за себе и ја сподели со сите нас:

Последна трка од Македонскиот шампионат каде го освоив првото место на двете трки кои ме донесоја до шампион во класата МX2!!!

Огромна благодарност до:
Адора Бизнис Груп
Душко Чифлиганец
Ендуро Теам Водно – Скопје / Ендуро Тим Водно – Скопје
Скај Мото Македонија
Схиндетранс
Портланд – ОПЦ
Горан Тонев
МИГ ТРАВЕЛ – Битола
ПЗУ Амбуланта 2

Како што можите самите да забележите во неговата поддршка едвај се забележува по некоја битолска фирма на кои им посакуваме нашиот млад битолчанец поголем успех да им донеси. А ние ќе си го поддржуваме и понатаму.

Додека неговата сестра, 12 годишната Ева Дамјановска како единствена учесничка од понежниот пол успеа да извози една трка, што е голем успех за неа.

Вчерашниот ден беше за мене посебен, и покрај калта, дождот и сите машки успеав да извозам една трка. Најголема благодарност до мојот татко, фамилијата и сите кои веруваат во мене, се гледаме в година појако

Фамилијата Дамјановски нижат заеднички успеси во поновата историја на битолскиот мотокрос.