По повод Денот на Младиот читател, како и за промоција и афирмација на германскиот јазик, учениците од Гимназијата “Јосип Броз-Тито” организираа флешмоб.
Идејата дојде од самите ученици на часот по германски јазик, кога тие учеа и читаа текстови за флешмоб.

Со поддршка на Младинскиот Совет при Општина Битола и соработка со “Анастасија центар” ја реализиравме нивната идеја. Учениците активно и посветено се спремаа еден месец, беа редовни на многубројните проби, а посебно за пофалба се машките ученици кои на почетокот делуваа многу несигурно.

Целта на флешмобот е да се поттикнат учениците да читаат, бидејќи книгата им отвора нови светови, но и да изучуваат странски јазици кои се прозорец кон светот. Токму затоа избравме стара и многу позната германска песна. Освен тоа, уште на самите проби учениците покажаа одговорност, меѓусебно помагање и емпатија што е многу важно за нив.

Упатуваме голема благодарност до Општина Битола, “Анастасија Центар”, и козметичкото студио “ИВА” за финансиската поддршка, како и до сите вработени во Гимназијата за покажаното разбирање за нашите проби.

Ирена Петровска
Нина Илиќ
Марија Стојановска