Како најголемо финансиско друштво со 200 вработени и 55 филијали заокруживме навистина фантастична година и направивме вистинска експанзија на нашиот бизнис!

Влеговме во 200 најголеми и најуспешни компании во оваа година. Исцртавме насмевки на многу лица, растевме заедно, чекоревме заедно, учевме заедно, како тим од вистински победници.
До тука стигнавме благодарение на нашите колеги со кои заеднички се вложивме и докажавме дека заедно можеме уште подобро и уште помоќно. Препознавајќи го трудот и ангажманот на брилијантен начин на нашите колеги им се заблагодаривме организирајќи предновогодишна викенд забава со цел да наздравиме заедно за успесите и во пресрет на предизивиците во новата 2023 година. Овој пат нашата дестинација беше Хотел Рамада Гевгелија, каде што имавме можност да уживаме во неповторливи и забавни моменти како и спа центар, овозможувајќи подобри дружби како одличен мотиватор за предизвиците кои не очекуваат!