Дими Клини е мала битолска компанија која работи и максимално е посветена на давање квалитетни услуги во чистење на сите грејни тела на тврдо гориво, вентилации и оџаци. Постои скоро 5 години како правно лице иако нивните почетоци се многу поодамна, односно уште пред 40 години. Во последниве три години е вклучена и првата жена оџачар на нашиве простори. Тоа го забележале и нивните клиенти во последниве три години.
Започнувајќи како семеен занает, денес се правно лице и како такво имаме право да издаваат документ т.е. записник за квалитетно изршена работа со писмена гаранција која е валидна пред инспекциските служби, осигурителните компании и др. И секако, членовите на нивниот тим поседуваат сертификат за стручно оспособување – ОЏАЧАР.

Со тоа се трудат нивните клиенти да добијат квалитетна услуга: чист оџак и чисти грејни тела и вентилации кои пак обезбедуваат топол дом, ефикасно греење (сооднос на потрошен енергенс во однос на постигната температура), како и намалено аеро-загадување.

Загадување, од што моментално Битола е загадена?

Со чист оџак, допринесуваме за потполно односно целосно согорување на енергенсот кој пак резултира со поголема ослободена енергија, а помалку чадење. Секако процентот на влажноста на енергенсот (конкретно на дрвата бидејќи се најзастапени), знатно влијае на ефикасноста и загадувањето.

Во Битола, а и воопшто во нашата држава, проблемот е систематски, или кратко, тоа резултира со дистрибуција на влажни дрва до крајниот потрошувач. Доколку ова би се променило како што некогаш доставата на суви дрва била вообичаена, квалитетот на амбенталниот воздух би бил на повисоко ниво. За споредба, во Р. Словенија, дрвата за огрев се диструбуираат до крајнот потрошувач третата година од кога ќе се исечат во шумата. Тој терк некогаш беше и кај нас и затоа имавме помало загадување во зимските месеци наместо сега. Секако дека тука се и возилата, и индустриските капацитети и тн.

Според вас какви материјали се користат за согорување и колку се штетни?

Денес заради високата цена на дрвата, луѓето горат се и сешто. Вие денес не можите да видите стара дрвена дограма фрлена покрај некој контејнер. Таа веднаш се „вдомува‘‘ во некој дом за согорување, или каков се не-квалитет се нуди на рафтовите со пелети?!?! Денес нема ни ‘‘Б‘‘ од Биомаса. Јас за тоа имам пишувано на мојата ФБ- страна каде имам објавено за пелети со сомнителен квалитет, односно пелети со парчиња пластика во нивниот состав.

Жално, но реално! Резултатот од тоа согорување го дишеме сите!

Колку е тоа штетно, кажува бројката на пациенти болни од рак, особено битолчани кои се препознатлив „бренд‘‘ во регионот, за жал.

Имено, Дими Клини работи и под знакот на „розовата панделка‘‘, а тоа значи дека настапува и хуманитарно и им помага на болните од рак во рамките на својот делокруг на работа.

Инаку, еден интересен податок за вашите читатели, сигурно ќе е и следново: Печките на пелети првенствено се замислени да бидат подвижни, на тркалца, како би можеле да ги движиме насекаде во просторот за загревање. И прашањето сега е: А оџак? -Токму тоа, тие би немале издув, туку специјални филтри кои би задржувале сѐ во себе, а со тоа погодувате, би немало ни загуба на топлина бидејќи целата топлина останува во просторијата каде се ложи.

Како може да се надминат проблемите со водени дрва?

Државата. Пишував погоре, доволно е само да го следиме примерот со Р. Словенија или да се вратиме на теркот од некогашна Југославија во смисла на дистрибуција на суви, а не влажни дрва до крајниот потрошувач.

Дали има решение за брзо време?

Секако дека треба да сме оптимисти, треба да поработиме на конкретниот случај за набавка на суви дрва, а тоа значи следната година да сечиме дрва колку за две сезони и тоа да се следи секоја година.

Во Скопје има субвенции за чистење оџаци од Општина. Дали тоа е целисходно за да се примени и кај нас?

Скопје превзеде таков чекор. И Кавадарци го направи истото за своите граѓани иако таа Општина не беше на црната листа на загадени градови како што се Скопје, Битола, Тетово и тн. Секако дека ќе помогне многу за нашиот град и сметам дека што побрзо се донесе таква одлука, тоа подобро за сите нас.

Со кои проблеми и предизвици се соочувате при вашата работа?

Најголем проблем околу нашата работа се луѓето, директни или индиректни корисници на оџак, кои се плашат кога ќе им понудиме палење на оџак како метод за чистење на истиот. Од кога ќе им ја објасниме процедурата, постапката и последицата од палењето на оџакот, кај дел од нив наидуваме на разбирање, но кај друг дел кои имаат страв од тоа, не сме моќни тоа да го завршиме професионално и квалитетно, а со тоа самите се ставаат во опасност. Кај таквите луѓе важи следново правило:„Ако ви е страв да го запалиме оџакот и тој да гори контролирано, тогаш истиот треба да не го користите бидејќи постои опасност сам да се запали и да гори без контрола‘‘.

Дали битолчани ги чистат редовно оџаците?

Според последната статистика која ја добиваме од Противпожарната служба во Битола, заклучуваме дека битолчани се повеќе и повеќе се свесни за потребата од чист и безбеден оџак за користење, а тоа се гледа во намалениот број на пожари предизвикани од запален оџак во однос на претходните години и од зголемениот број на повици кон нас за чистење на оџаците.

Кои се вашите препораки, совети за битолчани, за оџаците, за воздухот и прошетките во загадените зони?

Им препорачуваме на сите корисници на оџаци и грејни тела, редовно да си ги чистат истите, за да имаат топол и сигурен дом, а со тоа и среќен дом. Токму тоа е и нашата девиза: Дими Клини, Чист оџак за среќа во домот!

За крај каков воздух дишат битолчани?

Не ни требаат мерни станици за да видиме каков е квалитетот на воздухот. Очигледно е и страшно во исто време. Генерациите пред нас зборуваат дека никогаш не било како сега.

Дими Клини, телефон за контакт 075 646 678