Хуманост е кога се дејствува спонтано. Хуманост е кога човек не бира ни луѓе, ни време.
Хуманоста е таа која се појавува неочекувано и владее со ситуацијата и тогаш кога најмалку се очекувa. Таквата човечка димензија ги достигнува небесите. Тоа е човечноста.

А човечноста овие изминати денови ја покажаа голем број хумани луѓе на нашиот град Битола, членови на подгрупата, нашите браќа од далечната Америка и пекара Булевар кои донираа потребни прехрамбени производи за најзагрозените. Тоа се луѓе кои без обзир на тешката ситуација која владее изминатиов период, сепак беа повеќе од доблесни и донираа онаму каде што беше најпотребно.

Од вкупно собраните средства беа набавени новогодишни пакетчиња кои беа подарени во Домот за доенчиња во Битола, исто така беа набавени намирници за две социјално загрозени фамилии.