Поминувајќи по обиколницата над Битола, на магистралниот пат М-5 Прилеп – Ресен над битолскиот Баир (од Масалко до Лукоил) , забележавме одлична состојба на патот која до пред некое време не беше многу уредна, но сега работите како да почнуваат да се враќаат во нормалниот колосек. Покрај самиот пат, во портикалево работничко одело го забележавме битолчанецот Феим Мефаиловски кој е задолжен за одржување на патот и риголите (сливници) , се со цел поголема безбедност на патот и возилата кои се постојано на овај патен правец.

На кратко се заинтересиравме за него и во што се состои неговата работа, бидејќи за нас се битни и обичните битолчани кои прават нешто за градот и неговата околина. Го запрашавме дали има многу работа од ѓубрето кое го фрлаат несовесните возачи и жители тука, кој му е најголемиот проблем и најубавиот дел од работата, итн итн…

Здраво до вас и вапите читатели, јас сум Феим Мефаиловски роден на 23.12.1994 г. , оженет и моментално очекуваме мало бебенце за рок од месец дена, за кое се надеваме дека ќе биде машко. Инаку имам завршено средно образование, четврт степен и сум вработен во ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ со договор на дело.

Мојата работа е да се грижам патот да биде чист да нема одрони на него, да нема камења. Работам по осум часови на ден, секој ден освен сабота и недела, од понеделник до петок, вкупно 40 часа.

За работа има постојано нешто да се потсуреди, ама многу повеќе има кога ќе заврне дожд после кого има неколку одрони на патот.

Ѓубрето кое го собирам е само од возилата или да неречам возачите кои тука на ова делница поминуваат со автомобилите и камионите.

Проблеми досега сум немал, а најубавиот дел од работата ми е да ги исчистам риголите и да нема ѓубре и камења на патот, да биде убаво и да е чисто за да може да се вози безбедно и без проблем бидејќи и јас сум возач и знам како е.

Оттука упатувам еден апел до сите кои ќе го прочитаат овај текст, бидете посовесни и покултурни, ѓубрето е за во канта или контењер, не е за покрај пат. Тоа ја нагрдува околината на нашиот град во кој живееме и нема потреба сите минувачи да добиваат негативна слика за Битола и нејзините граѓани… за крај заврши Феим.