РК Еурофарм Пелистер со заеднички ручек на клупската управа, двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22. На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и челниците на двата клуба. Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци – уметнички дела со мотиви од градот Битола (дела од ликовната колонија Мал битолски монмартр). Клубот на сите ракометари им посакува добро здравје и многу успеси следната сезона.