Во услови на криза, прво предизвикана од пандемијата, а потоа и од руско-украинската војна, најбрзо страдаат проекциите за капиталните инвестиции, а тоа значи помал ангажман и на градежните компании. Но, она што беше добрата страна за градежништвото во изминатиов период е градежната експанзија во однос на станбената изградба. Интересно, колку и да се градат нови станови во Скопје, за нив има интерес. Од градежната фела велат дека се распродавале и цели згради уште во текот на градбата. Економистите ова го поврзуваат и со страв од чување пари во несигурни времиња, како и од страв да не девалвира денарот, што е предизвикан од постојано шпекулирање на таа тема. Притисокот на страната на понудата дозволи раст на цените, па Народната банка го евинтираше скокот од дури 12,4 проценти за само една година (прв кавартал од 2022 година споредено со прв квартал од 2021 година).

Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги анализираше приходите и добивките на најголемите градежни компании во Македонија. Заклучокот е дека има промени во 2021 година во однос на најприходните и најпрофитабилните градежни фирми во 2020 година, но дека прометот, односно приходите на врвните 10 позиции е сличен како и лани, а истото се однесува и за добивките.

Во МК ТОП 10 градежни фирми за 2021 г. од битолските со најголем приход се Стентон градба со 11,6 милиони приход и добивка од 1,4 милиони евра.

Целата анализа и повеќе на линкот ТУКА