Почитувани граѓани денеска од Ротаракт Клубот Широк Сокак беше реализирана донација за ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“- Битола и ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, Оддел за Инфективни болести каде беа донирани:
-500 парчиња хируршки маски
-100 парчиња гел за суво миење на раце
-500 парчиња хируршки ракавици
-500 парчиња тоалетна
– течен сапун
-суви марамици
-средства за лична хигиена.

Донацијата е во вредност од над 50.000 денари, средствата се набавени од Алкалоид АД Скопје, Де-Ло Хигиена, AWT International Macedonia.

Здравјето и заштитата пред сè!

Да се надеваме дека донацијата ќе стигне за вистинските херои.