На само петнаесеттина километри северозападно од Битола и под врвот Пелистер, од три страни опкружено со борова шума, на 1005 м.н.в., сместено е планинското село Цапари.

Тука уште во 2015 година се формира иницијативен одбор за реставрација на вирот во Цапари. Иницијативата е покрената од младите во Цапари каде членови беа Александар Станиновски, Илија Гаштевски, Менде Нечевски, Роберт Симоновски, Стефан Гаштевски, Зоран Мишевски и други.

Тогаш се започна со изградба на нов градеж кој е 7 до 8 метри подолу од тогаш постоечкиот за да самиот вир добие во должина, и се постави врата со механизам за запирање и испуштање на водата.

Се изградија два моста, кои освен што го олеснија самиот пристап воедно и ќе го оплемененија самото место. Едниот мост е долг 5 метри кој е поставен помеѓу стената над вирот и масата над водопадот, а другиот мост е 8 метри поставен од масата па преку реката до другата страна. Се постави дрвена ограда на критичните места заедно со маси и столови.

Во план е изградба на две платформи позади градежот од двете страни на реката за сончање како и други мали знаменитости кои би ја комплетирале до крај целокупната замисла за ова ново и непознато излетничко место за битолчани.

Локацијата на Цапарскиот вир е веднаш над селото и местото е пристапно со возило. Ваше е само да пристигнете до Домот во с. Цапари каде сигурно ќе има некој кој љубезно ќе Ве упати на ова место. Нас денес од таму не однесоја до лице место за што им сме благодарни и ги поздравуваме.