Ме правиш среќен ко сдсм што го прави среќен народот

– Би мај ваксајн

– Тебе не ти фали документ за да влезеш во моето срце

– Ти си ми на приоритетна листа

– Тебе би те молзел не само во недела

– Не сум Маричиќ ама ќе ти го забранам зборот тага

– Само што го ажурира членството во моето срце

– Заедно секој ден ќе го редиректираме во Денот на љубовта

– Ја реформирам историјата, сѐ почнува од твојот поглед

– Не си Фајзер, од тебе ми требаат повеќе од две дози

– Без тебе сум празен како фрижидер што очекува вакцина

– Твојот термин кај мене никогаш нема да падне

– Не можам да му кажам на срцето дека е недела неработна, цело време работи за тебе

– Сакаш да дочекаме заедно да сме во прва фаза за вакцинација?

– Вакцина: јас Нуспојави: Болка во коските од гушкање

– Јас одозгора на тога ти = љубов

Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон