Следува период на многу студено време повремено со умерен до засилен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Во југозападните делови снежната покривка понекаде ќе надмине и 20 сантиметри снег.

Утринските температурите ќе ќе бидат особено ниски од почетокот на наредната седмица и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени.

Дневните температури само понекаде ќе се искачуваат до некој степен над нулата.

Ухмр

Фото насловна Гордана Аџиева-Михајловска