1. Улицата е трасирана кон крајот на 19 век за потребите на многубројната османлиска војска. Се протегала од Црвената касарна до воената болница во Стрчин.
Покрај улицата (плавата линија), на мапата се препознаваат и следните објекти: 1. Касарните, Црвената и Белата; 2. Воената академија (денешен музеј); 3.Воената болница (денес студентски дом); 4. Лавчанска река; 5. Брусничка река; 6. Широк Сокак
2. Од северната страна на улицата, се наоѓале воените бавчи, а од јужната страна биле полигоните за воени вежби и помошните простории.
3. Улицата, во минатото, неколку пати го менувала името. Па така, за време на османлиското ропство се викала “Orman Tüccarlar Caddesi”, во време на српската окупација се викала “ Војнички пут“, а за бреме на бугарската окупација “Тодор Александров“. Името “Партизанска“ го добила по ослободувањето.
4. Вдолж улицата се протегал убав дрворед.
5. Првите цивилни објекти (куќи) на улицата почнале да се градат по завршувањето на Првата светска војна.
6. Улицата почнала позабрзано да се гради на почетокот на 70-тите години. Со иградбата на новата болница и зградите на улицата, “Партизанска“ била урбанизирана до пресекот со ул. “Васко Карангелевски. Подоцна, со изградбата на Брусничко-лавчанската населба, во 80-тите, улицата била продолжена до пресекот со ул. “Методија Андонов-Ченто“.
7. Должината на улицата е 3.2км и втора по должина во Битола.
8. Улицата од најзападната точка, во Брусничко-лавчанска населба, до најисточната точка има висински пад од 89м.
9. Дрвјата од двете страни на улицата, во делот од Бактериолошка до над спортската сала, се дел од оргиналниот дрворед.
10. “Партизанска“ денес е современа улица и е една од најфрекфентните улици во градот.
Валентина Цветановска