


3 чаши јогурт
3 чаши брашно
1 чаша масло
1 неполна чаша шеќер
2 лажици какао
1 лажица сода бикарбона
половина лажиче зачин за медењаци
Се мати се заедно со миксер и се истура во поголема тава 30 на 40 цм. Се пече на 200 степени околу 20 минути. После печење се остава сосема да се излади, па се подготвува преливот. Отако ќе се излади, избодете го со чепкалка за заби за да се впие убаво преливот рамномерно.
Прелив:
1 чаша млеко
100 г темно чоколадо за готвење
2 лажици шеќер
1 лажица какао
Се става да се свари и да повари околу 5 минути. Се прелева целиот колач со преливот. Веднаш ќе се впие.
Потоа се подготвува глазурата.
100 г темно чоколадо за готвење
неполна чаша млеко
1 полна лажица нишесте
Се става заедно да се загрее до растопување на чоколадото. Мешајте константно додека не почне да се згуснува од нишестето. Ако ви се направат грутки, изматете со миксерот и веднаш прелејте го колачот со глазурата.
По желба може да се нанесе и шлаг одозгора.
На здравје.