Во текот на минатата година, на подрачјето на Општината Битола се регистрирани вкупно 460 сообраќајни незгоди. Во нив животот го загубиле 12 лица, тешко се повредени 54, a полесно 127 лица, додека материјалната штета е оценета на нешто повеќе од два милиони и 400 илјади динари.
Интересно е, меѓутоа, да се истакне дека се забележува тенденција за преселување на сообраќајните незоди од отворените патишта во населените места. За тоа речито зборува информацијата која беше предмет на расправање на последната седница на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.
Според оваа информација, во текот на минатата година на отворените патишта се регистрирани 167 сообраќајни незгоди, a останатите до 460 се на битолските улици. Во незгодите на патните правци што водат од Битола кон соседните населени места или поголеми центри животот го загубиле 8 лица. Најмногу сообраќајни незгоди со три човечки жртви се регистрирани на патниот правец Битопа-Прилеп 49, потоа на правецот Битопа-Ресен, па Битола-Маково, потоа Битола Чагор, Битола Државна граница и така натаму.
Низ битолските улици, во кои животот го загубиле три лица, најмногу незгоди се регистрирани на улицата „Припепска” 43, потоа на „Партизанска” 34, „Булеварот 1-ви Maј” 32, „Иво Лола Рибар” 24 и така натаму. Од податоциве што досега ги изнесовме може да се види дека во текот на минатата година во градот се случиле повеќе сообраќајни незгоди, меѓутоа на отворените патишта каде има помалку незгоди последиците се далеку поголеми.
Ова, само по себе, зборува дека вниманието зад воланот секогаш треба да биде на потребната висина без оглед дали се вози на отворен пат или низ градските сообраќајници, кои искрено речено, сега во овој степен на развиеност на сообраќајот воопшто не ги задоволуваат потребите. Во информацијата што беше предмет на расправа на Советот за безбедност во сообраќајот, ce изнесени и причините за сообраќајните незгоди. На прво место се наоѓа брзото возење поради што, како е оценето од надлежните органи, се случиле 89 незгоди.
Заради пијанство се случиле 62 сообраќајни незгоди, a не е мал бројот на незгодите предизвикани од недавање предност, престигнување, возење невнимателно по коловоз и така натаму. Кога сме тука да одбележиме дека и поради вина на пешаците се случиле 24 сообраќајни незгоди.
Bo вкупниот број сообраќајни незгоди регистрирани минатата година, најмногу учествувале возачите од „Б” категорија, потоа со положени „Ц.”, па „Д“ категорија како и возачи со странски возачки дозволи. Според тоа, нормално e во сообраќатните незгоди најбројни да се патничките автомобили и тоа со битолска регистрација, како и на оние што се со Германска и Шведска регистрација.
Возачите од 30 до 50 години старост се најбројни учесници во сообраќајните незгоди, а видено по денови најмногу незгоди се забележани во неделите и саботите, како и во пазарните денови. За илустрации само ќе споменеме дека во неделите во минатата година се забележани 88 незгоди. По месеци, најмиогу незгоди се забележани во декември 54, кога коловозите главно се покриени со снег, а по часови најмногу незгоди се регистрирани во 13 часот. кога фреквенцијата на сообраќајот e најголема.
Димче Миновски текст во списанието Современ Возач (1980 г. )