Еден од четирите ориентални бисери- Амамот кај Каваци во Битола. Името го добива по местото Каваци (kavaci тур. тополи) , тополи (вид листопадни дрва) кои биле високо надвиснати над реката Драгор и тука било омиленото кафе на големиот турски реформатор Мустафа Кемал Ататурк. Tурската бања е варијанта на парна бања, сауна или Руска бања.

Секој амам содржи пет групи простории: шадрван (гардероба) со квадратна основа,капалук (дел за адаптација) со правоаголни основи, халвет (простор за капење) еден квадратен простор на кој може да се надоврзат повеќе мали простории, хазна (резервоар за вода) и ќулхан (ложиште).

Во халветот по обемните ѕидови се изградени камени банкини и камени корита – курни. Амамите покривани се со куполи и сводови. Осветлувањето е зенитално. Градени се од камен и тула. Затоплувањето е подно и преку ѕидовите. Внатрешноста била украсувана со декоративна пластика, главно, во тромпите, во лаците и во горните ѕидни партии.

Aмамите биле градени како двојни, т.н. чифте амами со посебни делови за жени и за мажи или како едноделни.

Амамот кај Каваци

Сега на ова место се наоѓаат дуќаните на “Раде Кончар”, амбуланта, хемиско чистење и авто перална, откаршија Музејот на албанската азбука.
Бањата после Втората светска војна била целосно разрушена со динамит, за да се отвори простор и да се направи сегашниот Булевар 1-ви Мај покрај река Драгор.

Последен сопственик на бањата бил Ремзи Насуфи, а ја наследил од неговиот татко Мефаил. Точната година на изградбата на оваа бања не е позната. Внатре била како сите турски бањи, со мермерни седишта и централен систем на греење на вода и пареа од дрва. Во денешната Зоолошка градина во Битола сеуште се наоѓа дел од мермените мијалници оставени низ дворот како експонати.


Еден од мијалниците и дел од Шадрванот кои се наоѓаат во ЗОО Битола/ фотографии ЗОО Битола

Пред неколку години на една локална ТВ имаше документарна емисија за бањите во Битола и таму е спомната како бањата на “Ремзи”. Иначе дедо ми бил учесник во Втората светска војна на Сремски фронт. Бил учител во повеќе училишта низ Битола и околината во македонски и албански училишта , фудбалер и подоцна фудбалски судија кого постарите генерации го паметат само за убаво.

Ремзи Насуфи, некогашен битолски фудбалер, судија и учител

По сеќавање на мојот татко во 1959 година се преселуваат од оваа бања, што значи тогаш отприлика е срушена. Не знаеме точно за тоа. Иначе нејзината внатрешност започнувала со голема просторија во средината каде имало фонтана “шадрван” и горе чардаци. Од вториот кат директно можело да се гледа во шадрванот долу… ни ги опиша сеќавањата од неговите блиски нивниот потомок, битолчанецот Ремзи Насуфи.

“Зафер” тур. Победа, е еден од најстарите фудбалски клубови во Битола. На фотографијата четврт по ред е Ремзи Насуфи, испратена од истоимениот внук Ремзи.