hdr

Чекорев полека.

По нашата главна улица.

Чекор по чекор веќе половината ја поминав , но некако осамено. Повлечено. Тивко. Ќе кажам можеби и пријатно. Битола никогаш досега не сум ја видела толку волшебна.

По Широк Сокак живо пиле не пееше ние како што си викаме. Локалите беа затворени а исто и бутиците.

Додека чекорев можев слободно дури и на глас да размислувам од што беше штама. Никој наоколу немаше. Две три кучиња скитници беа фатиле убаво легло крај Барот.

Битола беше украсена со оние улични светилки и празните клупи. Со ветерот кој беше сега веќе ладен.

Со тишината .

Украсена со секоја есенска убавина.

Битола, не ми била никогаш толку величествена.

Со тоа пурпурно небо. Ах Боже таа глетка.

Како нозете сами да те тераат да се качиш до Тумбе Кафе и само да гледаш се додека мракот не те натера да се вратиш дома.

Човек, просто да не може да и се донагледа и допрошета.

Размислував како некој би можел овој дом да го остави. Како би можел ваков живот да пропушти.

Полека минувајќи крај Епинал се сетив дека еве како и зимата ќе ни дојде за месец, два.

И срцето тогаш ми се исполна. Со една топлина која никогаш досега не сум ја почувстувала.

Душата, сама ми трепереше.

Шетајќи по нашата улица.

По нашиот сокак.

Марија Стојановска (15)