Битолчанката Оливера Наковска Бикова е европски шампион во стрелање со воздушен пиштол

од • March 16, 2022 • 0 коментари

Битолчанката Оливера Наковска Бикова го освои златото како најдобра во стрелање со воздушен пиштол на европското првенство кое се одржа во Хамар, Норвешка!

Натпреварот се одржа во периодот од 13-17 март 2022 г. и преставува најголемиот меѓународен настан во стрелаштво пара спорт било кога организиран во оваа скандинавска земја.

Тука се одржа и првото издание на Европскиот шампионат на 10 метри, што е во организација на Европската стрелачка конфедерација (ESC) и Светскиот стрелачки пара спорт (WSPS).

Честитки за Оливера! 👏👏👏

Babam Bitola

Comments are closed.