Bo Детското одморалиште „Пелистер“ моментално се наоѓа втората смена летувачи. Како и секогаш и деновиве во кругот на Одморалиштето беше мошне живо. Насекаде весели детски лица од кои зрачи ведрина. Уште на прв поглед може да се види дека Павилјоните на одморалиштето престојот во пазувите на прекрасната планина на сите им годи. Во почетокот сакавме да останеме не забележани и барем за миг да им Павилјоните на одморалиштето престојот во пазувите на прекрасната планина на сите им годи. Во почетокот сакавме да останеме не забележани и барем за миг да им се восхитуваме на безгрижните и семожни детски игри и палавости. Но, за жал, тоа не ни успеа зашто многу бргу бевме откриени од безброј љубопитни погледи и се најдовме опкружени од една поголема група летувачи. Сакале или не, на децата моравме да им ја откриеме нашата намера дека сме дојдени да пишуваме за нивниот престој во Одморалиштето, со мало појаснување тоа да биде нешто интересно и необично.
Почнете со Борче, по малку шеретски ни дофрли едно русокосо момче, тој најмногу се има поправено. Борче кога слушна своето име, по малку се збуни, по малку поцрвени од срам, но набргу се прибра и ни рече дека се поправил само 4,5 кг кои добро ќе му се најдат во напорната трка за знаења што ќе почне наесен. Но, Борче не е вистински рекордер. При разгледувањето на детските картони откривме дека велешанецот Пеце Лазов, летувач од првата смена, се поправил рамно 6,5 килограми!
Во листата рекордерите се има запишано битолчанецот Емил Николовски, кој осум години со ред летува на Пелистер. Блиску до рекордот на Емил е и Марија Литовска, која шестопати едноподруго летува на Пелистер.
Своевиден рекорд држи и Лидија
Ристанчева, која на Пелистер се
спријателила со педесетина нејзини врсници. Имињата на повеќето од нив таа ги има забележано на своите фармерки и ни рече дека ќе се допишува со многумина од нив. Заслужува да ги споменеме и имињата на Зоран Ангелевски, кој беше прогласен за најдобар пејач и гитарист, Ѓоко Талевски, најдобар фудбалер, и Jopro Ocманли, кој на одржаниот КВИЗ- натпревар беше прогласен за најдобар историчар. За животот во Одморалиштето и условите за одмор во него сакавме нешто да дознаеме и од воспитувачкиот кадар.
Меѓу воспитувачите го затекнавме и познатиот битолски писател Цане Здравковски, кој ни рече:
Одморалиштето има куќен ред кој создава извонредни можности за одмор и рекреација летувачите. Така, по утринската гимнастика и појадокот, летувачите редовно одат на прошетки и на излет низ планината, прво во близината на Одморалиштето, а подоцна дури и до Јорговкамен. Во попладневните часови работат разни културно-забавни и спортски секции. Се организираат спортски и разни квиз-натпревари. Накусо речено, во Одморалиштето постојат сите услови добро да се одморат и ниту во еден момент да не ја почувствуваат досадата.
С. Гаџовски за Битолски весник, година непозната.
.