Недалеку од Битола, во с. Крстоар , живее 81-годишниот земјоделец Тодор Јуруков, неофицијален светски првак во кеч-ес-кеч-кен. Тој уште од млади години го напуштил родното место и отишол по корка леб во далечната Австралија и Америка. Меѓутоа, „Џинот од Крстоар“, како што го нарекураат неговите соселани, почнал да се занимава со еден, за наши прилики, необичен спорт. Го избрал кечерството, и набргу потоа станал познат во целиот свет, особено во Австралија а подоцна и во Америка.

Постанал неофицијален првак во кеч-ес-кеч-кен. Деновиве во неговиот дом во Крстоар во посета му дојде битолчанецот Ристо Желеваров, сегашен светски првак во овој многу тежок спорт.

Некогашниот тешкаш кој подигал дури и воловска кола полна со снопје, беше пријатно изненаден кога спроти себе виде убаво граден младич како карпа откинат, кој, како што вели, ушето го дал да му го откинат за да постане светски првак.

И Желеваров како и стар претходник, најдувајќи се времена работа во далечната Америка, почнал да се бави со овој мошне тежок спорт, и успеал. Стана светски првак во спортот кој е многу популарен во другите континенти. Откако разменија мислења за кечерството, „грдосиите од мускули“ се соблекоа до половина и на присутните им прикажаа некои од зафатите во кеч-ес-кен-кенот.

Извор Битолски весник, непозната година

Поврзано: