Баирчанецот Иле Бојчевски веќе трета година нема пропуштено ден а да не оди да се капи во водите на базенот Довлеџик.
За температурата на водата вели дека ова зима ја чувствува како најладна бидејќи сеуште снегот се топи, а водата во базенот е истечна.
Тој тука е секојдневно присутен во периодот од 13-15 часот, точно три години сите четири сезони, каде после шок терапија со ладната вода прави фискултурни вежби.
“Здравјето пред сѐ останато, веќе 3 години немам добиено настинка и фала му на Господ сѐ ми е како што треба. За целокупната моја здравствена состојба овај ритуал има големо значење и затоа е секаде почитуван посебно во земјите од некогашниот Советски сојуз…” ни посочи Иле Бојчевски на кого сеуште екстремните ниски температури и зимата навистина не му можат ништо.