Има еден битолчанец кој љубовта и грижата кон домашните миленици ја преточи во дел од неговиот живот. Од идеја до успешен бизнис тој со неговиот GROOMING SALON придонесува за многу расположение како на домашните љубеници така и за нивните газди и сопственици. Ние го контактиравме и преку мало интервју Ви ја доловуваме целата ситуација…

Здраво Bella Doxa, aко може мало инфо за вас, роден кога, образование, работа и слично ?

Здраво, здраво. Јас сум Зоран Ковачевски кој е роден за време на летните горештини во нашата Битола на 25.07.1978 година. Пријателите ме познаваат како Bella Doxa. Образованието ми е земјоделски техничар, како и надоградба односно влог во себе би напоменал дека имам завршен курс за груминг во Солун. Работам се што сакам и се она што ме исполнува. Исто така додаток на среќните работни околности е тоа што хобито го претворив во моја работа и мое секојдневие.

Од каде дојде идејата и љубовта баш за ова професија?

Љубовта кон животните посебно кон кучината тлее во мене од кога знам за себе. Идејата ја добив кога зедов куче од расата минијатурен шнауцер за кое беше потребно груминг, а во Битола не постоеше груминг салон и откако го средив кучето гледајќи го крајниот резултат и воодешувањето на мои познаници, блиски пријатели и после неколку нивни сугестии решив да се занимавам со груминг.

Колку време се занимавате со ова и како битолчани го прифаќаат овај тренд?

Официјално се занимавам со оваа хоби-работа да ја наречам 4 месеци и не би го нарекол баш тренд. Ова претставува нега и хигиена кои се од голема важност за самото здравје на милениците.

Дали има специфични врсти на кои неопходно им е потребно ова стилизирање или не е за сите?

Ова стилизирање или јас повторно со мојата професионална деформација основната нега ите како е потребна за овие раси на кучиња односно ќе одвојам: кокер-чистење на уши, малтезер, чистење околу очи, а посебно ќе нагласам за шнауцерите и дел од териерите кај кои е потребно тримовање, поради добивање за одржување на оштрината на влакното.

Пред
После

Дали кучињата треба да се потстрижани во стил кој е типичен за нивната раса или не мора да значи?

Во склоп на самата раса постои стандард во кој е пропишана и фризурата како и потребите за самиот стајлинг но сепак треба да се почитува и желбата на сопственикот.

Пред
После груминг

Колку време трае едно стрижење и како се одредува цената?

Времетраењето на едно стрижење (третман) зависи од повеќе битни фактори: возраста на кучето, неговиот темперамент како и неговата претходна состојба во смисла на тоа колкав бил влогот во неговата нега. Исто така и желбата на сопственикот како би сакал да изгледа неговиот миленик. Може да потрае и до шест часа, но тоа е небитно бидејќи тоа ме исполнува како и крајниот резултат за совршен изглед на миленикот.

Цената се одредува според следните критериуми: големината на самото куче и состојбата на неговото влакно, како и желбата на клиентот како да изгледа неговиот миленик.

Новата фризура ги развеселува не само луѓето, туку и кученцата. Дали е ова вистина?

Да чиста вистина. Реакцијата е незаменлива како и воодушевувањето на сопственикот од новиот изглед на сопственикот а богами и самото куче го чувствува олеснувањето и чувството на грижа и внимание кои му се посветени.

Какви техники и колку вида на стрижење постојат кај нас и што е потребно за почеток за некој кој е љубител на овај занает?

Постојат многу видови на техники кои покрај фризурата која е пропишана со самиот стандард на одредена раса применуваме и комбинираме и повеќе стилови по желба на сопственикот, а најзастапена е т.н. хигиенска или летна фризура. Исто така морам да напоменам дека од голема важност за здравјето на кучето е чистењето и средувањето на самите шепи. Во склоп на ова е и редовно сечење на ноктите. Таа е таа љубов кон животните. Исто така потребно е големо трпение, одреден влог, како и огромно посветување на внимание.

Дали ја спроведувате и познатата јапонска техника, која не ги следи општите правила туку подразбира стилски изглед кој ќе ги истакне вистинските црти и карактеристики на кучето?

Да ја практикувам и ја промовирам бидејќи кај нас не е во целост на самиот стајлинг застапена.

Што им препорачувате на битолчани кои имаат миленици околу грижата за нив и нивниот изглед?

На моите сограѓани кои уживаат во љубовта кон своите миленици би им препорачал од срце да вложуваат во негата и здравјето на својот миленик што подразбира заштита од болви и крлежи, редовно чешлање и нега на самото влакно, се ова оди заедно со финалниот стајлинг на самиот миленик, како и хигиена на уши шепи и нокти кои се клучни за здравјето на миленикот, како и запазување на тајмингот односно редовна грижа и нега. Влогот кој го вложувате во негата на својот миленик е премал во споредба со негата и вниманието кои ќе ги добиете како резултат на грижата и посветеноста од самиот миленик.

На крајот ви препорачувам доколку вашето време е ограничено или работните обврски не ви дозволуваат комплетно учество во негата на вашиот миленик препуштете го на вистински професионалци.

Бела Доха, карши Кифлата, во близина на некогашната Ветеринарната станица

Контакт телефон 070 444 101

Bella Doxa