После воведувањето на 3Д пешачки премин кај Горната Гимназија во Битола, пристигнаа и тридимензионалните лажни дупки, а први имаа можност да ги разгледаат и почувствуваат жителите на ул. Илинденска.
Вакви лажни дупки, односно ЗД налепници во облик на дупка веќе се користат како мерка за
безбедност во сообраќајот во Канада.
Докажано е дека психолошкиот ефект на налепницата ги тера возачите да ја намалат брзината. Слична функција на запирање или намалување на брзината имаат налепниците со вода или без вода во зависност од тоа дали е сув или дождлив период.
Во Битола поради немање на дупки на патот возачите стегаат на педалата за гас и губат контрола над возилото, заради што годишно се случуваат стотина сообраќајни несреќи.
Жителите од овај дел на Битола улица Илинденска ја паметат како најубавата и најуредена улица во градот бидејќи од тука потекнуваат и тука живееле дури три градски татковци. Затоа ЗД дупките ги примија со мала доза на вознемиреност , но со надеж дека баш тие ќе придонесат за подобрување на сообраќајот.
Возбудени од оваа вест, многу жители од Битола и битолско веќе започнаа иницијатива за да добијат слични 3Д налепници и најверојатно градот намерно ќе биде претворен во бомбардирана зона како во Првата Светска Војна.