Во првото полугодие од годинава згаснале 5.022 фирми. Овој податок е алармантен, ако се земе предвид дека минатата година, за сите 12 месеци, бројот на згаснатите фирми бил 6.214.
Најмногу згаснати фирми има во Скопје – 1.935, или речиси секоја трета згасната фирма (38 проценти од сите фирми) била во главниот град. На второ место по згаснати фирми била Битола со 257 згаснати компании, а на третото Тетово со 235 фирми.
Ако се анализира според видот на субјектот, најмногу згаснати субјекти во првите 6 месеци од ова година има од регистрираните друштва со ограничена одговорност од едно лице – ДООЕЛ. Од 5.022 згаснати фирми, 3.540 се ДООЕЛ.
Целата анализа и податоците на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк ТУКА