Некогашното излетничко место Сива вода е дел од спомените на постарите генерации на Битола. Со почетокот на сегашната пандемија самата близина и пристапност ги натера помладите битолчани од сегашните генерации да ја запознаваат околината на нашиот град и веќе самото место започна да си го враќа тој изгубен сјај каде малиот водопад ја носи свежината од Баба Планина надополнета со цвркотот и музиката на дивиот славеј.

Убавината на Сива вода е прераскажана уште во легендите и анегдотите поврзани со Османлиските бегови, кои ги праќале нивните момоци дури таму за да им донесат вода (види повеќе).

„Расчистувајќи со минатото некои луѓе забораваат на иднината“, стои во натписот до самата чешма каде сега нема пристап

Големината и дотекот на Сива вода сега е намален заради акумулирањето на водите во Стрежевскиот канал. Била значаен фактор за изградбата и местоположбата на античкиот град Хераклеја Линкестис, каде покрај за пиење, во термалните бањи (терми) се затоплувала и користела за капење.

Локацијата Ви е на само еден километар од Градското шеталиште, веднаш над Хераклеја. Достапно за пеш, со велосипед или автомобил кој би го оставиле кај древниот град. Едно преубаво мирно место за да се прочитаат неколку страни од вашата омилена книга. Недостасува некоја клупа, две…