Најголем дел од будистите живеат во Азија, но неколку денови по ред битолчани се малку вчудоневидени од однесувањето на еден странски турист, кој е најверојатно будист и при неговата прошетка низ Битола и битолските улици, точно на секој три чекори застанува, клекнува и се моли.
Будизмот е четврта по големина религија во светот со над 520 милиони следбеници, или над 7% од глобалното население, познато како будисти. Будизмот опфаќа различни традиции, верувања и духовни практики во голема мера засновани врз оригинални учења припишани на Буда и резултирачки толкувани филозофии.

Некои работи кои што можеби се нормални во тој свет за нас изгледаат чудно. Погледнете го видеото кое ни го испрати Симона Деловска со најголема почит кон различностите на овој свет, кои, како што пишува и на самиот влез дека се добредојдени (заедно) во Битола.