Здраво на сите. Пред да скролните надолу би сакал да обратите посебно внимание на оваа објава бидејќи е од сентиментална и есенцијална важност за сите млади и постари рекреативци и нивните деца во просторот околу основното училиште Елпида Караманди, значи улиците Смилевски Конгрес /Довлеџик / Ремо па и пошироко. Се работи за спортските терени на ОУ Елпида Караманди кои се во очајна состојба веќе долго време, кога викам долго време мислам на повеќе децении. Игралиштата во скоро сите средни и основни училишта во нашиот град веќе добија нов изглед и нови можности за младите да го поминуваат своето време и исто да вложуваат во своето здравје.
Е ние од овај предел ја немаме таа можност и сме приморани своите физички рекреативни активности да ги бараме на друго место, најчесто се приватни игралишта каде што се плаќа паричен надоместок.
Терените за кошарка / тенис /фудбал изгледаат како да се погодени од нуклеарен проектил, изгледаат како денешните игралишта во Чернобил. Сме биле сведоци на страшни повреди кај деца поради самата кондиција на терените, а најверојатно и допрва ќе бидиме доколку локалните власти и опозиционери не обратат внимание и ја поправат цела
оваа ситуација. Ние како деца кои пораснавме тука, а и како млади кои сеуште своето слободно време го поминуваме тука во неколку наврати со свој буџет но и со
помош од автомеханичарот Барни го поправивме кошаркарското игралиште (чистење и обележување на теренот, менување на нова табла и обрач).

Сето то беше залудно, поради
повеќекратното уништување на таблата од локални орангутани.
Временската прогноза исто така игра огромна улога за способноста на овие терени, доколку заврни настанува вир кој е налик на мало езерце, за кое што е потребно време од една недела за да исуши, значи една недела децата се приморани и ограничени да не рекреираат. Ако пред речиси 7/ 8 години(времето кога ние бевме најактивни тука, и покрај очајните услови за спорт) имало по 50 деца, сега се максимум 5 души, останатите играат во дворот на градинката Мајски Цвет, не дека сакаат туку немаат каде.

Од овие терени во минатото имат произлезено огромен број на успешни спортисти меѓу кои најзвучното, голманот и македонски репрезентативец ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ, но тоа е времето кога овие терени биле во состојба за активно спортување.
Следните слики се јасен показател за тоа што го зборував во текстот и верувам дека сите ќе бидите гневни и запрепастени. Очекувам оваа објава да ја примат и пренесат локалните медиуми со цел да се пушти аларм и да допри до ушите и очите на оние кои можат да ја променат ситуацијата во подобро светло.

САКАМЕ СПОРТ ВО ЕЛПИДА КАРАМАНДИ, САКАМЕ СВЕТЛА ИДНИНА ЗА МЛАДИТЕ.

Јовица Михајлевич