Властите на Република Романија објавија конкурс за сите цртачи од светот кои со нивните карикатури би ги нацртале познатите романски писатели. Како учесник на тој конкурс е и нашата битолчанка Кети Радевска која веќе учествува со неколку нејзини карикатури, а една од нив, карикатурата на познатиот романски писател Урмуз, веќе е во потесниот круг заедно со карикатурите на многу уметници од светот.

Со овај гест се покажува дека ние уметниците сме многу ценети во светот и знаат како да ни прават голема чест…ни пренесе Кети.