Почитувани граѓани, вљубеници во планинските спортови, ПСК„ПЕЛИСТЕР”- Битола почитувајќи ја традицијата за организирање на комбиниран ски натпревар (турно-пешачење и скијање) во заедничка организација со ФПСМ како континуитет го возобновуваат ова натпреварување и по 79 години на ден 14.04.2024 година го организираат ТурноСкиКупот Пелистер 2024, се со цел ова единствено натпреварување во Република Македонија да се возобнови.

Имено, првиот ваков Ски-натпревар (Ски утакмица) се одржа во почетокот на месец Март далечната 1940 година со старт од Санаториум (Детско одморалиште), преку Пирамида (врв Пелистер), Мало.Езеро, Големо Езеро, Сапунчица, Муза, Неолица, Лавци до Битола. На овој натпревар учествувале 8-натпреварувачи.

Вториот Ски-натпревар (Ски утакмица) се одржа на ден 02.03.1941 година со старт од планинската куќа (Копанки), преку Пирамида (врв Пелистер), Мало Езеро, Големо Езеро, Сапунчица, Муза, Неолица до Битола. На овој натпревар учествувале 6-натпреварувачи.

Третиот Ски натпревар (Ски-утакмица) се одржа на ден 04.02.1945 година со старт од планинската куќа (Копанки), Пирамида (врв Пелистер), Мало Езеро, Нижеполе, Битола, на овој натпревар учествувале 14-натпреварувачи.

Се надеваме дека оваа наша иницијатива и организација на 4-тиот Ски-натпревар ќе биде основ за понатамошни вакви натпревари и продолжување на турно традицијата во Македонија.

Повеќе за историјата на овие настани можете да прочитате на: https://pskpelister.mk/mk/istorijat
на следниве линкови

ПРОГРАМА

http://www.fpsm.org.mk/wp-content/uploads/2024/03/programa-turno.pdf

ПРИЈАВА http://www.fpsm.org.mk/5068-2/