Саат – кулата во Битола е изградена пред повеќе од триста години. Легендата вели дека 60.000 јајца биле измешани во малтерот користен за изградба на кулата,
со цел зградата да биде што поцврста. Неодамна, кулата беше реновирана и сега нејзиниот часовник ги „бие“ популарните народни песни – „Битола мој роден град“, „Билјана плато белоше“, „А бре Македонче“, како и класични песни „Мала ноќна музика“ на Моцарт и други.

(Сними: Миодраг Ќировиќ)


Денес, 28.03.2024г. на секој три часа само песната на Ајри е дел од сатната композиција. И покрај нашата иницијатива и песната на Петар Георгиев Калица „Ако одам во Битола“ да биде дел од музикалноста на нашиот градски часовник до ден денес немаме никаков одговор од Општина Битола. Им благодариме од срце за нивната транспарентност и отвореност.

Извор Весник Политика