За првпат во историјата на битолската кошарка кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола ќе игра во финале на Плеј – офот на шампионатот на Македонија. Финалната серија која ќе се игра на три добиени натпревари започнува во петок во СЦ Јане Сандански во Скопје, па недела продолжува во Битола. Затоа на нашата кошаркарска екипа баш сега му е најпотребна нашата голема поддршка која заедно сите од срце ќе му ја дадеме.

Распоред за натпреварите:

Петок (3 јуни): МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Недела (5 јуни): Пелистер – МЗТ
Скопје Аеродром

Вторник (7 јуни): МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Петок (10 јуни): Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром (ако има потреба)

Недела (12 јуни): МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (ако има потреба)