Струга, Македонија, 21 век. Масакр со пушка на десетици кучиња сред бел ден. Црн ден за Македонија.
Се срамам и жалам.
Се срамам од лудациве со кои го делам родот човечки.
Се срамам од психопативе со кои ја делиме земјава, уште повеќе од тие кои даваат поддршка и им аплаудираат, а жалам што околностите ги направиле несреќни и мизерни.
Жалам за животниве кои се родиле на ова тло и го делат со нас.
Жалам што не можеме да ги заштитиме. Жалам што луѓето не можат да сфатат дека ние љубителите не сме одговорни за нивната ситуација, за нивниот број, за нивниот глад, за нивната агресија, не се ни Анима мунди, ни здруженијата. Гневот е насочен на погрешна страна. Одговорна е државата и нејзините институции кои се скапани во с’ржта. Одговорни се тие кои ги бирате да нѐ водат и да нѐ крадат.

Одговорни се неспособните!

Одговорни сте и сите кои не мрдате со мал прст и само кукате зад тастатури. Секој испукан куршум кон невино суштество, секоја болка предизвикана кон она кое не можи да се одбрани, претставува најподол и најнизок вид на злостор, таков вид кај животните не постои, туку само кај луѓето, бедни по дух, празни во срцата, грди во душите.

Стално се навраќам на онаа познатата на Ганди дека нивото на една држава може да се мери според односот кој таа држава го има спрема животните. Е оваа ви е државата, скапана, бедна, мизерна, корумпирана, сиромашна и грда. Ј’з’г.

Гордана Аџиева Михајловска