За да направиш традиционални македонски питулици, потребни ти се само брашно, вода и сол, но многу повеќе волја и трпение. Затоа се помалку млади прават домашна храна и се насочени на индустриска и брза храна.

Но, за среќа има млади земјоделки кои имаат волја да ги зачуваат традиционалните вредности на македонската храна и автентичните вкусови на овие простори, споени во нашата традиција и да ги пренесуваат од генерација на генерација. Значаен удел во ова има и манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ што продолжува да живее во организација на Здружението за едукација на земјоделците „Зелена берза“ од Битола.

Битолскиот саем на храна се одржа вчера во просториите на „Синпекс“ Битола по четврти пат со финансиска поддршка на МЗШВ. Учесници на саемот беа производители на храна и преработувачи на земјоделски производи од Пелагонискиот регион.

Извор Зелена Берза и повеќе ТУКА