Шо ти иди на мисла кога некој ќе ти ја спомени Битола?

Убав град, еснаф луѓе, База, Позитив, Бурбон, Расчекор, Камарите, кафе, лајче в уста, Широк Сокак, театар, убави жени, Манаки, Пелистер, ракомет…

Колку што знаеме имате живеено тука во Битола околу четири месеци? Можите да ни раскажите зошто и да ни опишите како си поминавте?

Живеев во Епинал 2012-та година, четири месеци, додека го снимавме фамозниот ДО БАЛЧАК. Прекрасни спомени имам од Битола. Во тоа време беше и по жив градот. Одблиску ги запознав битолчани и можам да кажам дека се топли и гостопримливи луѓе. Еснафи.

Од каде идејата да имате текст за најновиот стенд ап баш од нашиот најчешит сценарист во Битола и дали има баш нешто типично битолско во неа?

Со Божидар сме пријатели неколку години и идејата дојде некако спонтано. Го прашав, рече зошто да не и тргнавме. Битолско? Има.. ќе си дојдите, ќе си слушните.

На битолчани најмногу што им треба е хумор и забава. Во последно време сме сведоци дека многу од препознатливите битолски групи и комичари кои ја засмејуваа цела Македонија ги снема. Дали е тешко да се опстојува во оваа бранша бидејќи во последно време комедијата ја превзедоја политичарите?

Живееме во време на апсурд и црна хроника. Обично тоа е плодна почва за комедија, но реалноста е навистина тешка за луѓето и нацијата. Хуморот во најтешките времиња треба да е најдостапен од кога било. Затоа и картите се со симболична цена од 200 денари. Сакаме со Божидар да ѝ понудиме на нацијата саат и пол излез од реалноста кој ќе го паметат до следната средба.

Петок 13- ти Октомври 2023 г. ќе биди една убава вечер каде забавата нема да не одмине. Кажете ни бидејќи прошлиот пат се бараше карта отпоќе дали битолчани се добра публика и гладни за забава?

Не ми се веруваше дека моето претходно гостување во Театарот во Битола беше распродадено две недели однапред. Тоа беше позитивен шок за мене. Овој пат одиме во двојно поголема сала. До овој момент на 6 дена до настанот веќе сме 50% распродадени. Верувам во полна сала. Сакаме со Моџо да згрми Битола најјако во оваа турнеја.

Дали имате некоја непреболена љубов од Битола?
Спомените од 2012-та. Прекрасно си поминав. Би се вратил уште еднаш во тоа време.

Бидејќи сите битолчани се распознаваме по прекари, ако бевте од Битола, кој прекар ќе го имавте?
Смешнио, Досаднио, Стенд апО… ваљда некој од овие 🙂