Денес во кафе бар „Везилка“ после точно 53 години од последната изложба на портрет карикатури на Панде Петровски беше изложбата „За Битола и битолчани“ каде битолчанката Кети Радевска ги престави нејзините карикатури со најпознатите битолчани од јавниот и забавниот живот. На изложбата беа присутни и самите ликови од цртежите меѓу кои Панде Петревски, Александар Стерјовски, Петар Ставрев, Борис Чоревски, Анастасија Петровска, Петар Георгиевски Калица, Сефедин Бајрамов, Панде Димитровски, Валентин Соклевски, преставници на фамилиите на Виолета Томовска, Панде Манојлов, Борислав Траиковски и многу други.