Веднаш по формирањето клубот започна да се натпреварува во
општинските, потоа републичките првенства, здобивајки се со искуства за поширока афирмација. Во 1962 година Пелистер се натпреварува во втората државна лига и го зазема четвртото место, а по нејзиното укинување клубот успеа да се пласира во првата лига и во 1972 година го зазема 14 место.

Пепи Манасков во акција

Од наредната година, клубот под името Пелагонија, сè до 1977 година се натпреварува во Втората југословенска лига, каде најчесто зазема пласмани од четврто до седмо место. Во 1982 година клубот под името Пелистер во втората лига го зазема третото место, а во 1983 година станува прв во лигата и обезбедува пласман во првата југословенска ракометна лига. Од тогаш па сè до распаѓањето на Југославија,

Пелистер е постојан член на првата сојузна лига, а во натпреварувачката 1985-86 го зазеде третото место и учествува во ИХФ натпреварувањето. Во натпреварувачките 1986-87 и 1987-88 година Пелистер го зазема второто место во сојузната лига и повторно учествува на меѓународната сцена.

Со востановувањето на македонската држава Пелистер 2 пати го освојува првенството, еднаш е вицешампион и еднаш го освојува купот.

Голманот Стевче Стефановски спортист на годината во 1995г

КПК 1995 -1996 година

08.10.1995

Пелистер – Poap Роскилде (Дан.) 28:20

14.10.1995

Poap – Пелистер

11.11.1995

Пелистер-Хапоел (Реховод-из.)

Хапоел – Пелистер (Битола)

18.01.1996

Пелистер-Искра (Килус – Пол.)

24.01.1996

Искра – Пелистер
26:20
23:21
14:23