Јонче Христовски е наш најпопуларен композитори
народна музика. Неговите песни се од хумористичен-сатиричен карактер. Досега има снимено околу дваесет плочи. Речиси ниеден фестивал не може да се замисли без него. Има настапувано во многу земји како играорец и пејач ансамблот „ТАНЕЦ.
Во еден разговор, за неговиот почеток, тој ми рече: „Народната песна и хуморот ме привлекуваа уште како дете. Како ученик во Битола (каде што сум роден), настапував на сите приредби што ги организираше училиштето. Потоа учествував на неколку фестивали, каде освоив значајни награди. Својата натамошна кариера ја продолжив во ансамблот „Танец“ од Скопје.
Со ансамблот настапувал во: Австралија, Америка, Германија, Франција и во многу други земји. Всушност, тогаш почна да постигнува поголеми успеси. Тогаш се појавија неговите песни: „А бре Горе, лажго Горе“, „Тргнала ми
мома“, „До две ми сваќи седнале“, „Доце, Доце и многу други кои секогаш ги слушаме со посебно внимание.


Навистина, неговите песни побудуваат големо интересирање кај слушателите. Тие се искрени и проткаени со благ хумор, а Јонче многу мајсторски ги интерпретира.
Скоро сите деца го познаваат „ЛИЧЕН ДОЦЕ”. Сигурно
го имате видено на малиот екран или на некој фестивал. Тој
е многу близок со сите деца.
ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ постојано работи. И деновите и ноќите ги поминува со песната и звукот на музиката. Па затоа постигнува и големи успеси. Тој уште од детството е сврзан со народниот фолклор. Тука го наоѓа своето најголемо задоводство.
Секако, неговите композиции заслужуваат посебно внимание. Во нив секогаш се чувствува патриотското чувство.
Особено кај неговите композиции: „Ако умрам ил загинам“ и „Македонско девојче”, кои предизвикаа голем интерес во Франција и Германија. Тие веќе се преведени на неколку
странски јазици. Исто така надалеку се познати и композициите: „Запејте песна Македонска“, „Едно име имаме”, “Ој Вардаре македонски и други други, што ги пејат ВИОЛЕТА ТОМОВСКА И КИРИЛ МАНЧЕВСКИ. ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ сега работи како уредник на емисијата за народна музика на Телевизија – Скопје. Оние читатели кои сакат да се допишуваат со него, нека испраќаат писма до нашата редакција, тој ќе им одговара на
сите.

Раде Силјан Наш Свет 1971г.