На 29-ти април оваа година, во Бања Лука, Босна и Херцеговина, се одржа 16 – тиот интернационален фестивал на поезија за деца, „Дјечије царство 2022“. На овој поетски фестивал учествуваа ученици – млади поети од основните училишта од повеќе земји (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Србија, Македонија и Словенија).

Вкупно беа пријавени 4 500 ученици од шест држави со 8 000 поетски творби. Од нив беа избрани 70 деца – финалисти за учество на финалето на овој меѓународен фестивал на
поезија за деца.

Седуммина од финалистите беа од основните училишта од нашата земја. Од нив имаше 2 ученика од Скопје, 1 ученик од Вранештица (Кичевско), 1 ученик од Прилеп и 3 од Битола. Финалисти од Битола се:

Стрезовски Андреј – ученик во V одделение при ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Бистрица (песна „Моето село“ / My village, менторка
– Гиче Бизимоска), Наумовски Павел – ученик во VIII одделение при ООУ „Елпида Караманди“ – Битола (песна „Таа“ / She, менторка – Сузана Петковска) и Џајковска
Андреја – ученичка во IX-5 одделение при ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола (песна
„Бескрајна љубов“ / Endless Love, менторка – д-р Миме Тасеска-Китановска).

Учениците Андреј Стрезовски,

Павел Наумовски,

и Андреја Џајковска,

добија зборници од овогодинешниот, 16 – ти Интернационален фестивал на поезија за деца со победничките песни од сите 70 млади поети, зборници од минатиот, 15.
интернационален поетски фестивал, списание „Ризница“ и дипломи за учеството во
финалниот натпревар, додека нивните менторки, Гиче Бизимоска (наставничка во
одделенска настава), Сузана Петковска (професорка по Македонски јазик) и д-р Миме
Тасеска-Китановска (професорка по Македонски јазик), покрај подароците, добија и дипломи за нивната успешна и посветена работа како менторки.