500 гр. мешавина спанаќ и зелје -исчистени и исецкани
исецкани перца од 6 млади кромиди
150 гр ориз
1 исецкан морков
1/2 лажица мешан зачин
маслиново масло
1/2 лажица црвена пипер
3-4 јајца
Подготовка:
Запржете го кромидот во тавата со малку маслиново масло, додадете го исчистениот спанаќ со зелје и запржете ги додека не омекнат. Најдобро е да се покрие тавата со капак или фолија додека не омекнат.
Додадете го морковот и оризот, продолжете да пржете додека оризо не стане малку проѕирен.
Додадете врела вода за да го покриете спанаќот, додадете зачини и сол, измешајте и ставете ја тавата во рерната.
Печете околу 30 минути на 200C.
Пред крајот, додадете ги јајцата на врвот и вратете ја тавата во рерната за да печете уште 5 минути.
Се сервира топло со кисела павлака или со кисело млеко.
На здравје!
Рецептот го испрати Гордана Аџиева – Михајловска