Излези, мајко, на балкон,
да видиш-
моето либе со друго либе кај стои.
Мојте ги писма читаа,
мојот го прстен гледаа.
Ко ќ’ умрам, мајко, да умрам,
другарки да ме променат,
ергени мене да носат низ битољската чаршија,
покрај на либе дуќано!
Да видам моето либе,
последно „збогум” да речам.
Народна песна во која се спомнува Битола од книгата Битола бабам Битола
Фото непознат извор