Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно со вас и фотографиите од Битола во минатото.
Скијачките натпревари на битолчани пред околу 80 години се одржуваа од највисоките точки на Баба планина и завршуваа на Широк Сокак каде беа пречекувани од голем број на битолчани, после што следеше манифестација за доделување медали и голема забава…
Оваа фотографија е од натпревар кој започнувал од Неолица во 1940 г.
Во поновите години на Битола не се забележани вакви слични натпревари…