Да, да… добро прочитавте, нашите мегапопуларни јутјубери, Марко Марковиќ GP и Стефан Рашковиќ Steffonator, напишаа книга во издание на Просветно дело! Промоцијата на книгата ја најавија вчера како најголемиот митап за своите следбеници досега!

„Имаме книга. Се вика НАШИОТ ПАТ. Во неа вложивме сè. Сета наша љубов, знаење, желба, посветеност. Секој атом од нас. Оваа книга ќе ве доближи до нас, ќе ве насмее, ќе ве расплаче, ќе ве забавува… ќе направи да чувствувате многу…“, велат младите автори кои со неизмерна среќа го објавија видеото на своите јутјуб-канали за промоцијата на книгата која ќе се одржи на 26.1. 2019 година, во салата „25 Мај“ во МКЦ, со почеток од 12 часот. Книгата ќе се продава за првпат и ексклузивно на денот на промоцијата, а посетителите ќе имаат можност да добијат автограм и да се дружат со своите омилени јутјубери.

Од издавачката куќа Просветно дело, пак, велат: „Како синоними на јутјуберството во Македонија, ценевме дека GP и STEFFONATOR имаат добра приказна која мора да се раскаже. Книгата НАШИОТ ПАТ е резултат на осуммесечна работа и пишување на овие две ѕвезди. Таа крие голем број тајни за нив, допира до нивните срца, мисли и желби… а ќе им го покаже на читателите и вистинскиот пат да станат јутјубери…“

Промоцијата на книгата е закажана во 12 часот, но младите автори и креатори на Јутјуб изјавија дека промоцијата ќе трае сè додека не ги потпишат сите книги и не се сликаат и со последниот нивен обожавател!

Повелете битолчани љубители на јутјуберството во Македонија, во Скопје на 26-ти јануари 2019 година, во салата „25 Мај“ во МКЦ, со почеток од 12 часот.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here