Битолчанецот Христијан Спировски, кој живее во Мелбурн, веќе подолго време е атракција на аеродромите ширум светот, воодушевувајќи ги присутните со најпознатите светски хитови, но и традиционални мелодии од целиот Балкан, кои ги свири на пијано. Тој неодамна сподели речиси цел концерт од аеродромот во Доха, каде што може да се забележат и реакциите на присутните, фалејќи го неговиот музички талент.

Инаку, Христијан Спировски е роден на 24 ноември 1987 година во Мелбурн, Австралија. Потекнува од музичко семејство, а со музика се занимава од 7-годишна возраст. Неговите почетоци се токму во Битола, на детскиот фестивал „Си-До“, а публиката го памети и како еден од учесниците на детскиот серијал „Пулзи квиз шоу“ на МРТ во 1999 година. Зад себе ги има и учествата на фестивалите „Мал конзул“ и „Тра-ла-ла“, како и настапи на локалните телевизии во Битола и во останатите градови од Македонија (Скопје, Охрид, Струга, Ресен и Прилеп).

Имајќи го предвид богатото музичко искуство на Христијан, се надеваме дека сето тоа ќе го преточи и во авторска музика, а дотогаш уживајте со 40-минутниот концерт од аеродромот во Доха!