Битолската полиција за кратко време успеа да забележи два големк успеси. По апсењето на Берглес, убиецот на милионерот Петар Данабаш, синоќа биле пронајдени и членови на организирана банда крадци, кои како средство за грабеж избрале многу лесен начин: Преку анонимни писма да уценуват богати луѓе.

Разбојникот Рудолф Берглес, фото Манаки

Бандата го избрала Јанко Данабаш, братот на убиениот Петар, сметајќи на тоа дека тој е уште со свежо паметење на страотниот грабеж извршен во неговата куќа, и од страв од смрт, лесно ќе ја депонира бараната сума кај уценувачите.

Газда Јанко преку локалната пошта добил анонимно писмо во кое непознато лице го кани да подготви 500 наполеони во злато и оваа сума да остави преку својот слуга во 11 часот и 30 минути вечерта кај изворот Кисела вода кај селото Христифор, на 5 километри од Битола.

Во писмото било наведено дека слугата мора да тргни во затворен автомобил и дека парите треба да ги остави во водата, под чешмата. Ако не го стори тоа и писмото го достави до полиција, непознатите му се закануваат дека тој и неговото семејство ќе бидат убиени во куќата на улицата Крал Петар. Понатаму, во писмото се наведува дека Рудолф Берглес не бил единствениот разбојник во Битола и дека има и други кои се поспособни од него и спремни на се.

Ова писмо имаше необичен ефект кон газда Јанко. Сепак, тој се одлучи да го пријави случајот во полиција. Штом го прими Градската управа ова писмо, таа со сите сили се обиде да го најди авторот. Тоа беше направено претпазливо и во целосна тајност за да може и уценувачот да биде фатен при најмала грешка.

Г. Миша Адамовиќ, референт во жупанијата, на службата во Градската управа, кому му била доделена оваа задача, веднаш тргнал на работа. И успеа да го направи тоа многу брзо. Во оваа прилика ја покажа и способноста на искусен и вешт полицаец. За помошници ги имал старите и искусни наредници на жандармеријата Светислав Тодосијевиќ и Никола Савиќ и капларот Сулејман Шабиќ. За фаќањето на уценувачот бил ангажиран Адамовиќ. Тоа го направиле вака:

Пред стемнување наредниците Светислав и Никола, облечени во селска облека, го заобиколија местото од два правци, дојдоа до чешмата кај Кисела вода. Покрај нив на влезовите на градот имало и преквалификувани жандарми кои имале задача да ги набљудуваат сите кои што влегуваат и излегуваат од градот.

Вечерта точно во 11 часот и 30 минути автомобил застанал кај Кисела Вода со Адамовиќ, капларот Шабиќ и слугата на Данабаш. Слугата излегол од колата и оставо една кеса со ситни предмети во неа камења помешани со тантус, ама не во водата, туку до фонтаната. Откако тоа беше направено, автомобилот се врати во Битола по истата рута. Ноќта беше темна така што едвај се гледаше прст пред око. Наредникот Светислав и Никола беа скриени во грмушките и напрегајќи ги зениците гледаа цела ноќ, очекувајќи го уценувачот. Точно во 13-15 часот. оддалеку се појави ниска фигура која се приближуваше до фонтаната. Штом непознатиот се наведна да ја земе торбичката со наполеони, одекна „Не мрдај!”. Уценувачот се изненади и застана. Жандармите се приближија и го фатиле на лице место. Го препознале Стојан Николиќ од село Бистрица, 19-годишен. Николиќ пред г. Адамовиќ го признал делото, изјавувајќи дека нема соучесници. Но, во текот на ноќта во градот биле фатени Глигор Димитријевиќ, работник и абаџија и уште неколку сомнителни лица, осомничени дека „работеле“ заедно со Николиќ.

Време, 12. 11. 1928., страна 6

Голема благодарност до Благојче Андонов