Добивка од 10 000 000 денари на инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР, изгребана, во „Димпо“, кај пазарот во Битола, добитникот е занаетчија

Инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР не израдува со првата добивка во вредност од 10 000 000 денари. Ова е најголемата парична добивка на инстант лоз од почеток на приредување на инстант лотарија на Државна лотарија.

Со добитникот се запознавме по просториите на Државна лотарија,
бидејќи и покрај можноста за исплата на добивки од игрите на среќа на регионални благајни во Битола и во други градови , сепак големите премии се потврдуваат и исплаќаат на главната благајна, во дирекцијата на Државна лотарија. На таа куса средба во Скопје, добитникот со нас ја сподели приказната за својата ненаједна среќа – што го погодила „како гром од ведро небо“.

Имено, 30 години редовно игра лото, а веќе осум години редовно уплаќал токму во Димпо, кај пазарот во Битола. Неговата основна игра е лото на којашто и е со години верен. Но, при секоја лото уплата тој си ја искушувал среќата и со купување на по еден инстант лоз. Не повеќе, само по еден, а често избирал различен.
Како што се сеќава, пред 8 години, првиот инстант лоз што го купил, бил Златна рипка, што му донела 1000 денари и оттогаш редовно купувал, но никогаш не добил повеќе од 1000 денари. Иако редовно уплаќал лото, ни на лото не добил никогаш повеќе од 1000 денари. Сепак, не се откажувал, продолжувал да си уплаќа лото и да си купува по еден инстант лоз, секоја среда и сабота, секогаш од Димпо. Тој самиот се пробивал низ животот, имал мали примања, но секогаш бил тука за блиските и пријателите ако им требала неговата помош од занаетчиски работи. Добитникот со трепет и посебна нежност ни соопшти дека откако ќерка му дознала за добивката му рекла „Тато, оваа среќа е награда за твојата добрина“.
„Секогаш си велев дека еден ден ќе падне“, ни рече добитникот. „Јас си верував во среќата. Треба да се верува и да не се откажуваш“, додава добитникот. „Јас толку време играв и не се откажував. Може и до ѕвездата е, ама ништо без верба“.

За жал, добитникот не беше во можност за јавна објава, но наместо него добивме изјава од продавачот на инстант лозот – Благојче од Димпо

Продажното место Димпо во Битола, и досега беше среќно место на голем број добитници на помали и поголеми добивки од лото и џокер, но најголеми од инстант лотаријата, меѓу коишто и возила. Очигледно, ова е среќно место на битолчани. Сепак, досега ова е навистина најголемата причина за славење.

Вработените во Димпо се посебно горди што токму кај нив е изгребана и најголемата парична добивка во историјата на Државна лотарија, вредна 10 000 000 денари. Посебно се горди и што најновиот МЕГА МИЛИОНЕР е редовен играч, битолчанец од соседството, којшто редовно, со години, уплаќал тому во Димпо. Тој е занаетчија и добар човек којшто со својот труд досега помагал на многумина. Од Димпо велат, среќата е во вистински раце.

Благојче ни раскажа како во навидум обичен ден за извлекување лото, редовниот играч уплатил за учество во Лото 7 и, како и секогаш, купил уште еден инстант лоз. Тој секогаш купувал по еден различен лоз. Сега се одлучил за Мега Милионер. Го изгребал на самото место, и видел дека има мала добивка, колку што чини лозот, но не ги земал парите, туку рекол – „ајде дај ми уште еден“. Го изгребал и тој, но кога видел дека на него има три исти симболи, возбуден од неверување, прашал да не добил милион. Благојче го погледнал лозот, па тој уште повозбуден од играчот рекол – „Немаш милион, имаш ДЕСЕТ МИЛИОНИ!“

Согласно правилата на играта, три исти полиња со симболи со испис Милионер, носат добивка од 1 000 000 денари, а три исти полиња со исписи Мега Милионер, носат 10 000 000 денари, што е најголемата парична добивка во историјата на инстант лотарија на Државна лотарија.Според зборовите на Благојче од „Димпо“: „Кога работиш со понуда на игрите на среќа на Државна лотарија, никогаш не знаеш кога еден обичен ден може да стане посебен. Не се знае дали некој со себе си ја носи среќата, или некого среќата го чека. Но, секако, за нас е посебна радост кога тој состанок со среќата ќе се случи токму кај нас, во „Димпо“, вели Благојче. Според него среќата удрила како гром од ведро небо и решила да помогне на вистинско место.

Државна лотарија честита и на добитникот и на среќното место Димпо во Битола за постигнатата најголема парична добивка во инстант лотаријата на Државна лотарија.

Инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР е најбогатиот инстант лоз од понудата на Државна лотарија: 2 добивки се во вредност од по 10 000 000 денари, 8 добивки по 1 000 000 денари, 10 по 500 000 денари, 15 по 300 000 денари итн.

Пролетта може да крие бројни изненадувања, а состанокот со среќата моќе да дојде сосем ненајавено и навидум обичен ден да претвори во нечиј среќен ден.

Државна лотарија