Денес, после децении ривалство, изгледа дека Скопје и Битола ги закопаа секирите. Подадената рака дојде од град Скопје кој и подари на општина Битола три автобуси.
Оваа вест беше дочекана со воодушевување во градот на клавирите и од денес градот на трите автобуси подарени од Скопје. Но која е причината за ова? Фчерашни истражуваа.
- Отпадите во Скопје биле полни па немало каде да ги однесат автобусите
- Во Битола тајно се спрема „Музеј на патничкиот транспорт“ па се пуштени како експонати
- Опклада меѓу градоначалничката на Битола и градоначалникот на Скопје дали автобусите можат да стигнат од Скопје до Битола
- Битола е ионака презагадена па старите автобуси се совршени за таму
- Автобусите се некој вид на Тројански коњ. Што ќе излезе од нив ќе видиме
- Скопјани се дупат со битолчани. Во наредна пратка ќе им пуштат авион
- ЈСП пушти линии до Битола
- Лошите патишта се совршени за овој тип на автобуси
- „На подарен автобус не му се гледа ауспухот“ стара народна
- Скопје би дало и нови, двокатни автобуси ама во Битола нема толку луѓе за да наполнат цел таков………. Извор Фчерашни