Битолчанецот Зоран Каранфиловски Ќаме е шампион во класата МX од Македонскиот Шампионат во Мотокрос и 5-ти во генерален пласман од 81 натпреварувач во БМУ Европскиот Шампионат во Мотокрос за 2020 година:

„Постигнав солиден успех и покрај тоа што не успеав да настапам на сите трки поради настанатата ситуација од Цовид-19. Голема благодарност до моите спонзори : НОВОМАТИК, Астра Казино, Адмирал Казино и
Конти Хидропласт , кои ми помогнаа во ова кризно време за да се натпреварувам и да ги постигнам овие добри резултати.
Благодарност за поддршката и до мојот клуб Мото Клуб Мотори,
Мото Федерација на Македонија ,
Здружение на Моторциклисти Ѓорги Стефановски Битола до моите фанови, семејството, роднините, пријателите и се надевам дека ке продолжиме со успесите и во 2021 година.
Ве поздравувам и ви посакувам се најдобро… објави Зоран на неговата официјална страна.

Мала поддршка и од нас и да продолжи со успеси понатаму.