Во 1926 година, раскажува Михајло Зега, финансиската положба на браќата Манаки беше мошне критична. Приходите што ги остваруваа не ануитетите, па затоа браќата беа во незавидна положба. Но, наеднаш и неочекувано среќата малку им се поднасмеа. Познатиот сопственик на работилницата за производство на бомбони и чоколади Петар Герас дојде во ателјето и, без пазарење кавалерски го ангажира Милтон да ја сними со кинокамерата неговата свадба.

Михајло Зега, чиракот на Манаки

Веднаш му даде чек со кој Милтон и јас подигнавме, верувале или не, две вреќички со метални пари. Се вративме дома и започнавме да ги броиме. Лицата на браќата Манаки се разведрија, бидејќи долго време пред тоа немаа добиено ваква крупна работа. За тоа колкав беше износот на сумата не се сеќавам, но знам дека заработувачката од оваа свадба беше повеќе одошто просечна .


ПЕТАР ГЕРАС БИЛ БОГАТ БИТОЛСКИ ИНДУСТРИЈАЛЕЦ КОЈ НА МЕЃУНАРОДНАТА ИЗЛОЖБА ВО ЛОНДОН (1933г.) БИЛ ОДЛИКУВАН СО ДИПЛОМА, ЗЛАТЕН МЕДАЛ И ГОЛЕМ КРСТ


Петар Герас не прашуваше за чинењето на трудот. Тој беше заинтересиран само киноснимањето да успее, за што, со своето искуство, гарантираше Милтон.

Браќа Манаки

Во одредениот ден, во присуство на дотогаш невиден број лимузини во Битола, Милтон започна да ја снима оваа свадба. Јас за цело време му помагав. Во еден момент, заради добивање подобар преглед, се качивме и на еден кров и оттаму снимавме прекрасни сцени. Уверен сум дека ретко која свадба во тоа време беше толку сеопфатно снимена. Но, од овие филмски материјали кај Милтон не остана речиси ништо бидејќи, според договорот, и позитивите и негативите му припаднаа на Петар Герас.

Павле Константинов