Битолчанецот Зоран Каранфиловски Ќаме е нашата единствена светла точка во натпреварувањето со мотокрос и претставувањето на Македонија во големиот Европски Шампионат. За жал сеуште изостанува поддршката од Општина Битола и се надеваме дека во најскоро време и тоа ќе биде веќе завршена работа како за него така и за останатите мотокросисти од Битола за кои со гордост известуваме.
Последна трка од БМУ Европскиот Шампионат ја извози во Романија.
Нова патека за мене во променливи услови се изборив за 6-то место во првото возење и 7-то во второто возење во МX класата и со овие важни бодови и еден натпревар помалку успеав да го заземам 5-то место во генерален пласман за 2020 година.
Голема благодарност до моите спонзори без кои не ќе можев да настапам на овај шампионат.НОВОМАТИК
Астра Казино
Адмирал Казино
Конти Хидропласт
Благодарност и до мојот клуб Мото Клуб Мотори и моите поддрзувачи Здружение на моторциклисти Ѓорги Стефановски Битола
Битолчани уште еднаш јасно покажаа дека традицијата за возење мотокрос и нивните успеси можат да бидат дел од нашето секојдневие. Браво за Ќаме и поддршка.